Мицковски призна дека се јавувал во внатрешната контрола на МВР по повод случајот „Теретана“

0

Мицковски призна дека се јавувал во внатрешната контрола на МВР по повод случајот „Теретана“. Дали е ова законски треба да одговорат што поскоро институциите. Оти човекот претендира да биде премиер, односно цело време зборува за себе како „мандатар“ и како “иден премиер“.

Денеска Христијан Мицковски, изјави дека е точно дека имал разговор со лицето вработено во Министерството за внатрешни работи, што е надлежно за случајот. Разговорот бил поврзан со снимките од фитнес-салата. Претходно имало и СМС комуникација.