Мицкоски: Ако по цена на човечки живот треба да го добијам мандатот, одбивам да бидам дел од таква процедура

По лидерската средба која траеше повеќе од два часа, која се одржа во Кабинетот на претседателот Стево Пендаровски, партиските челници, како и Пендаровски дадоа изјави за медиумите.

Мицкоски започна со фактот дека ако еден човечки загубен живот е цената со којашто треба ВМРО-ДПМНЕ да победи на следнитер избори, а јас да го добијам следниот премиертки мандат, тогаш одбивам да бидам дел од таквата процедура.

-Така ја почнавме лидерската средба, дека не е важен изборниот процец, не се важни изборите, туку здравјето на граѓаните. Имајќи предвид како се одвиваше дискусијата, предложивме олан како да дојдеме до кредибилен процес,а сепак здравјето на грашаните да не биде загрозени, граѓаните да не бидат изложени на ковид-19, а со тоа да ги заштитиме човечките животи, а воедно да избереме фер и кредибилен процес- рече Мицкоски.

Прочитајте и… На отворено и под маски лидерите на политичките партии повеќе од два часа дебатираат за нов термин за избори
Ако се водиме од ставот дека здравјето на граѓаните е најважно, рече Мицкоски, тогаш треба да се консултираме со Комисијата за заразни болести и никој од нас не треба да го проблематизира нивното мислење во наскока на тоа дали и какви мерки треба да се спроведат.

На лидерската средба главна тема беа предвремените парламентарни избори, односно датумот за одржување на истите, кои беа одложени поради кризата со коронавирусот.

На средбата присуствуваа претседателот на СДСМ, Зоран Заев, претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, претседателот на ДУИ, Али Ахмети, претседателот на Алијанса за Албанците, Зиадин Села, претседателот на Алтернатива, Африм Гаши, претседателот на Движење Беса, Билал Касами и претседателот на ДПА, Мендух Тачи.

Прочитајте и… Шекеринска: Лидерската средба очекувам да ги отвори ама и да ги реши отворените прашања
На средбата, исто така, беа поканети и присутни, претседателот на Собранието, Талат Џафери и претседателот на Владата, Оливер Спасовски.