Морничаво видео! Го прекршиле полицискиот час, па полицијата за казна ги ставила покрај ‘заразен’ од корона!

0
32

Цел свет виде како полицијата во Индија ги тепа оние кои не се придржуваат до пропишаните мерки за време на пандемијата на коронавирусот. Но, изгледа дека тоа не било доволно.

Затоа во еден дел од оваа држава полицијата преземала поинакви мерки. Методи за заплашување.

Кога ќе фатат некој кој го прекршува полицискиот час, го ставаат во возило на Брза помош во кое има пациент заразен од коронавирус. Всушност лажен пациент. Но, уапсените не го знаат тоа.

Еден таков случај полицијата објавила на официјалниот Јутјуб канал.

Полицајците запреле тројца момци кои се возеле со мотор за време на полициски час. Ниеден од нив немал заштитна маска.

„Зошто сте на мотор вие тројца? Зошто немате заштитни маски? Дали знаете што може да се случи ако не ги носите?“, прашале полицајците.

Одговорот кој го добиле не бил задоволителен, па потоа момците на сила биле ставени во споменатото возило на Брза помош каде, како што рековме, имало (лажен) пациент заболен од Ковид-19.

 

Кога сфатиле кој има внатре, момците веднаш се обиделе да побегнат. Еден од нив дури се оддалечил и го покрил лицето, бидејќи ‘пациентот’ почнал и да кашла.

Уште поголема паника настанала кога ‘заболениот од корона’ станал. Тогаш сите тројца се обиделе буквално да излезат преку прозорецот на возилото на Брзата помош, молејќи го истовремено пациентот да се држи подалеку од нив. Удирале по вратите и ги молеле полицајците да ги пуштат.

„Луѓето не сфаќаат колку е вирусот застрашувачки, бидејќи не можат да го видат. Но тој може да биде било каде. Поради тоа владата воведе карантин и полициски час“, рекол претставник на полицијата.

Извор Точка