Над три илјади Швеѓани со вградени чипови во телото

Проектот за вградување поткожни чипови компанијата „Биохакс“ го почна во Шведска. Дури 3.000 луѓе таму се одлучиле на вградување, а поддршка им дале и локалните власти. Сега од компанијата се надеваат на голем пробив на пазарот на ЕУ.

Втора станица за ширење на бизнисот ќе и’ биде Италија. Се чека одобрение од италијанското Министерство за здравство. Кога ќе се добие, се очекува во Милано и во Рим да се пристапи на вградување на околу 2.500 луѓе, пишува „Еуроњуз“, а пренесува хрватски „Јутарњи лист“.