Над 3,3 милиони луѓе во светот се заразени со коронавирус

0
48

Бројот на заразени во светот изнесуа 3, 322 835, , починаа 234, 408 . , а оздравеа над еден милион лица.

Според црните сататистики веднаш по Соединетите американски држави се Италија и Шпанија . Галопирачки раст има Велика Британија која според бројот на лица кои ја изгубија битката со вирусот изби на третото место, во оваа земја само вчера починаа 674 лица .

Владата во Шпанија во сабота ќе им овозможи на жителите да излезат еден час за да можат индивидуално да спортуваат или да се шетаат.

Министерот за здравство Салвадор Ила треба да го претстави планот што ќе им овозможи на жителите според возраста да можат да излезат на улица.

Во местата со повеќе од 5.000 жители ќе биде воведен распоред кој на улиците ќе го контролира полицијата. Распоредот е поделен за луѓе од три генерации.

Во земјата инфицирани се 239, 639 лица, така што Шпанија сè уште има најголем број пациенти во Европа.

Вчера починаа 268 лица, најмалку во последниот месец.

Извор Канал5