Над 500 починати од коронавирус во Јапонија , во земјата нема строги мерки

0
41

Според мрежата НХК, 530 луѓе починале од „ковид-19“,од почетокот на епидемијата во Јапонија.

Според официјалните податоци, повеќе од 1.500 лица биле тестирани позитивно на вирусот.

Јапонскиот премиер Шинзо Абе утре ќе донесе одлука дали да ја продолжи вонредната состојба во земјата за уште околу еден месец.

Треба да заврши на 6 мај, кога ќе заврши и продолжениот празничен викенд.

Споредено со некои европски земји, мерките во Јапонија не се толку строги. Властите ги охрабруваат жителите да останат дома што е можно подолго.

Многу ресторани, продавници и трговски центри се затворени. Сепак, многумина вршат притисок за местата како што се коцкарниците и да одат во паркови и плажи, а јавниот превоз е сè уште преполн за време на сообраќајниот метеж.

Експертите не се убедени дека земјата со 126 милиони жители, ја ставила епидемијата под контрола зашто иам премалку тестирања, а фокусите се неоткриени.

Јапонците носат маски за лице во јавност.