Најмал број на жртви од Ковид-19 во Италија од почетокот на март

Во последните 24 часа во Италија од Ковид-19 починале 153 лица и тоа е најмал број на жртви од 9 март, соопшти Агенцијата за цивилна заштита.

Меѓутоа, бројот на новозаболени е 875 за разлика од вчера кога се забележани 789 случаи на заразени.

Вкупниот број на починати откако е прогласена епидемија на 21 февруари е скоро 32.000, па Италија по бројот на жртви од коронавирус е на трето место во светот, после САД и Велика Британија, наведува „Ројтерс“.

Вкупно потврдени случаи има повеќе од 224.000 и тоа тоа Италија е на пето место по бројот на заразени во светот, после САД, Шпанија, Британија и Русија.

Денес опаднал бројот на актривни слчучаи на 70.187 за разлика од вчера кога таа бројка изнесувала 72.070 активни случаи.

Од сите заболени кои се пријавени дека имаат коронавирус до сега се опоравиле 122.810 заразени.

Тестирани 1.900.000 луѓе од 60 милиони колку што жители има Италија.