Негативен е брисот за Ковид – 19 кај починатото девојче од Лабуништа

0

Брисот за присуство на корона вирусот Ковид – 19, што посмртно бил земен од четиринаесетгодишното девојче од селото Лабуништа, струшко, е негативен, информираат здравствените власти.

Останува обдукцијата да ги расветли причитните за ненадејната смрт на малолетното девојче, кое почина рано утрото вчера, на пат кон болница.