НОВИ СЛУЧАИ НА КОВИД 19 КАЈ ТЕКСТИЛЦИ ВО ШТИП

0
32

Нови четири текстилни работнички од Штип се заразени со корона вирус. Со тоа бројката на позитивни се искачи на десет. Сите се од истата конфекција што не работи веќе неколку денови, а ќе остане под клуч најмалку до крајот на неделава.

Денес  се земени брисеви на уште шест лица поврзани со конфекцијата. Две работнички се на домашно лекување, а четири со средна клиничка слика се на инфективно во Штип.

Во моментот епидемилозите се концентрирани на изолирање на работничките кои со заразените се возеле со ист автобус до работа. Станува збор за вработени од уште две други текстилни фабрики.

Од епидемиолошката анкета ќе зависат и понатамошните чекори. Во изолација веќе се ставени 55 лица, станува збор за членови на семејствата и нивни непосредни контакти. Тоа ја зголемува опасноста од нов бран заболени, но од Клиничката болница во Штип велт дека се подготвени.

Вчера од Државниот здравствен и санитарен инспекторат најавија и контрола на автобусите и почитувањето на заштитните мерки во нив.

Општинскиот кризен штаб во Штип од вчера почна со таргетирана дезинфекција пред влезовите на конфекциите и автобусите, а од Центарот за јавно здравје испратија апел за почитување на мерките и задолжително носење заштитна опрема.