Од денес џамиите се отворени за верниците

Исламската верска заедница во земјава си остана на својот став и од денеска ги отвори џамиите иако надлежните во изминатите денови ги повикаа да ја преиспитаат одлуката поради се уште актуелната криза со пандемијата на Ковид-19.

Од ИВЗ велат дека ќе ги почитуваат мерките за социјална дистанца и појаснуваат дека верниците ќе коже да се молат и во дворовите на верските објекти, како и на посебни места внатре во џамиите.