Од полноќ нови цени на горивата

Регулаторната комисија за енергетика денеска ќе ги соопшти новите цени на горивата кои ќе бидат на сила оваа недела.Согласно последната одлука на Комисијата цената на бензините се зголеми за 1 односно 0,50 денари, а цената на дизелот се намали за 0,50 денари. Цената на екстра лесното масло за домаќинство се зголеми за 0,50 денари.