Оздравени 16 пациенти, еден починат и 22 нови случаи на коронавирус

Министерството за здравство информира дека 16 пациенти оздравеле, а еден починал од корнавирусот. Оздравени се осум пациенти во Скопје, по двајца во Прилеп, Струга и Велес и по еден во Гостивар и Кратово. Во ГОБ „8 Септември“ починала пациентка од Скопје на 79-годишна возраст. Таа на 13 мај била примена во болницата како сомнителен случај на вирусот, а вчера било потврдено дека е позитивна.

Во изминатите 24 часа се регистрирани 22 нови случаи на КОВИД-19 од 462 направени тестирања. Од новозаразените, најмногу или девет се во Скопје, шест во Тетово, четири во Прилеп и по еден во Куманово, Велес и Охрид.

Од вкупниот број тестови во изминатото деноноќие, 171 тест е направен во рамките на скринингот од градинките. Преку ИЈЗ се тестирани 80 лица од Битола, а преку МАНУ тестирано е 91 лице од Скопје и сите се негативни.