Околу 1,7 милиони луѓе во светот се опоравиле од коронавирусот

Во светот од новиот коронавирус се опоравиле 1,7 милиони луѓе, велат податоците од американскиот Универзитет „Џонс Хопкинс “, пренесуваат светските медиуми.

Вкупно 1.700.354 луѓе победиле во борбата против Ковид-19, болеста предизвикана од новиот коронавирус. Бројот на регистрирани случаи надмина 4,65 милиони, додека забележани се 312.119 смртни случаи.

Соединетите Американски Држави имаат најголем број на опоравени- 268.376, следна е Германија со 152.600 и Шпанија со 146.446 лица.

Меѓутоа САД и понатаму е земја со најголем број на заразени и смртни случаи од последиците на коронавирусот. Забележани се 1,46 милиони заразени и 88.754 смртни случаи.

Велика Британија е втора земја по бројот на смртни случаи и тоа 34.546, а Русија е втора по бројот на заразени со 281.752 лица.

Новиот коронавирус се појави во декември 2019 година во кинескиот град Вухан, а набрзо дојде до пандемија која го зафати целиот свет.