Пандемиска Студена војна меѓу САД и Кина

0
33

Одлуката на Доналд Трамп, потоа засилена со изјавата на државниот секретар Мајк Помпео целосно да и се препише на Кина одговорноста за пандемијата или да говори за „енормни докази за потекло на вирусот од лабораторија во Вухан“, ја отвара третата и можеби најопасна димензија од кризата поврзана со коронавирусот.

По здравствената криза, па онаа економската, на ред дојде меѓународната криза или тоа што денес можеме да го наречеме: нова „Студена војна“ помеѓу САД и Кина.

Тоа значи – непријателот е Кина! Но, што навистина значи овој фронтален напад од кампањата на Трамп каде Кинезите се обвинуваат дека вештачки го создале вирусот и дека ја криеле неговата опасност во првиот период на ширење?

Да ги погледнеме неоспорливите факти. Дали вирусот поминал од животно на човек поради некаков си инцидент во лабораторија или тоа се случило на пазар, останува фактот дека изворот на пандемијата е во Вухан. Воедно, со сигурност знаеме дека властите од Пекинг речиси месец дена ја криеле вистината пред сопствениот народ и пред остатокот од светот.