Петровска за упадот во магацините во Струмица: Полицијата немала налог

Дополнителната заменичка министерка за внатрешни работи Славјанка Петровска, за отвореното студио на Тв24, изјави дека завршен е извештајот за упадот во магацините во Струмица и има констатирано пропусти во работењето на полициските службеници.

„Внатрешната контрола констатирала пропусти во случајот кој започнал со прекршување на полицискиот час, а на крај завршил со упад во магацинот за кој немало налог. Отпочната е истрага и дадена наредба за проверка“, рече Петровска и додава.

„Овој извештај е доставен до ОЈО за организиран криминал, до одделението коешто ги следи и истражува кривичните дела кои ги прават полициски службеници,“ изјави таа.

Упадот во струмичкиот магацин се случи на 30 април, а во него се пакуваа пакети од донација на семејството Заеви.