Помпео: Не сме сосема сигурни дека вирусот настанал во лабораторија

0
32

Помпео тврдеше пред неколку дена дека коронавирусот потекнува од кинеска лабораторија во Вухан, но други високи официјални претставници на САД, како и извештаите на американските разузнавачи тврдат дека тоа не е многу веројатно.

„Не сме многу сигурни кога станува збор за тоа, но има значителни докази дека вирусот потекнува од лабораторија. И двете теории можат да бидат вистина. Јас ги кажав и двете. Членовите на администрацијата го кажаа истото. Сите тие изјави се точни“. , изјави денеска Помпео во чудниот и нелогичен говор.

Сепак, Помпео тврди дека недостигот на сигурност нема никаква врска со противречноста во неговите изминати изјави дека постојат силни докази дека вирусот доаѓа од лабораторија. Тој сега тврди дека се е можно.

“Сите се обидуваме да излеземе со вистинскиот одговор. Сите се обидуваме да имаме почиста слика. Постојат различни нивоа на безбедност на различни места. Тоа е многу погодно. Луѓето гледаат во големи сетови со податоци и доаѓаат до различни нивоа на сознанија. Секој од нас разгледува и ја знае реалноста, а тоа е дека вирусот потекнува од Вухан “, додаде Помпео.

Кинескиот институт ги отфрла обвинувањата, при што повеќето експерти тврдат дека вирусот потекнува од пазар во Вухан на тој начин што преминал од животно на човек.

Извор Канал5