Потонати се лагите на ВМРО-ДПМНЕ, Кичеец извршувал наредби од Мицкоски

Христијан Мицкоски упорно бега од вистината. Тој знае дека вистината им ги демантира сите лаги кои ВМРО-ДПМНЕ ги наметнува како начин на политичко дејствување.

Мицкоски ја криеше вистината од јавноста дека е соработник и наредбодавец на Зоран Милевски Кичеец, кој како послушен партиски извршител бил еден од клучните теренски играчи на ВМРО-ДПМНЕ. Тоа јасно се слуша на објавените аудио снимки.

Тој не само што е поврзан со Кичеец, туку вистината открива дека имале состаноци и тесна соработка за лични и партиски интереси. Ова е факт што не може да го сокрие ниту една лага на ВМРО-ДПМНЕ.

Мицкоски изјави дека самиот ќе се пријави во затворот Шутка доколку се открие негова поврзаност со обвинетите во случајот „Рекет”. Сега постојат сериозни наводи дека главен извршител на Мицкоски бил Милевски, кој пак во судница го призна кривично дело во случајот „Рекет”.

Додека се уште се подготвува за сопственото пријавување во Шутка Мицкоски треба да каже дали со своите лаги сакаше да ја сокрие неговата поврзаност со Кичеец и Орце Камчев и дали на средбата со Кичеец од која излегоа снимки договарале и други работи?

Мицкоски е фатен жив во сопствените лаги и никој и ништо не може да му помогне да се ослободи од нив.

Сите лаги на ВМРО-ДПМНЕ за случајот познат како „Рекет” се потопени. Станува се појасно дека овој случај води кон белиот дворец.

Извор 24инфо