ПОЧНА СОСТАНОКОТ НА ФФМ СО КЛУБОВИТЕ, СЕ ОДРЖУВА НА ОТВОРЕНО

0
205

Почна состанокот на челниците на Фудбалската федерација со претставниците на клубовите од првата лига.

Тој се одржува на отворено, поради препораките за заштита од Ковид-19. Меѓу сите има и физичка дистанца.

Денеска ФФМ ќе предложи иницијативи за првенството кое беше прекинато во март поради коронавирусот.

Останува да се види што ќе се договорат претставниците и ФФМ. Од овој состанок зависи дали ќе продолжи или ќе биде прекинато првенството.