ПОЧНА СУДЕЊЕТО ЗА СЛУЧАЈОТ „ШПАНСКИ СКАЛИ“ – ЈАНАКИЕСКИ СЕ ИЗЈАСНИ ЗА НЕВИН

Mиле Јанакиески не се чувствува виновен за малверзации со 4 атрактивни парцели на плоштад и кејот на Вардар. Иако инвеститорите доцнеле со договорената градба, договорите не биле раскинати, земјиштето не било вратено во државна сопственост, забележува обвинителството . Јанакиевски најави дека активно ќе учествува во докажување на невиноста во овој случај т.н Шпански скали.

„Поминување на рокот на одобрение за градење, не е основ за кривично гонење.. Тука ме гонат затоа што не сум раскинал договори, а во Топлик за Сончев град затоа што сум раскинувал, како министер за транспорт и врски. Ако ги раскиневме договорите би значело кривично дели и трупање на затезна камата. Ако ова е став за гонење, требаше судовите да бидат преполни со градоначалници и министри.“ – изјави Миле Јанакиевски.

Реагираше и дека има работи во обвинението кои не ги разбира. Но, обвинителката Ивана Трајчева се обидува преку овој судски процес да го докаже спротивното.

„Како министер тој е единствено одговорен и надлежен да склучува и потпишува договори со други лица. При водењето на постапката имал точен рок за одобрение за градење и за кој треба да се почне и заврши проектот. Поминати се 10 години, земјиштата се оттуѓњни на физички и правни лица, ниту се почнати градбите ниту се плаќани камати.“ – изјави Ивана Трајчева.

Меѓу 11-темина обвинети е и Димитар Димовски , член на ИК на опозициската ВМРО-ДПМНЕ, вработен во министерството за транспорт. Одбраната го оценува случајот како политички монтиран и со пропусти во истрагата.

„Квази судење кое има ентитет на политичко и може да се види од делот на обвинението кое е паушално, нема глаголи, дејствија. Дел не знаат за што се обвинети. Се сомневам дека ќе овозможи фер постапка. Дел од доказите кои ги има предложено ЈО ги има во листата, дел ги нема…. но иако беше предмет“. – изјави Тони Менкиновски-адвокат на Димитар Димовски.

Вработени во Министерството за транспорт и врски, во Катастар, нотари и бизнисмен, се обвинети дека склучиле 4 договори за продажба на државно земјиште – на кое требало да се изградат хотелски комплекси. Една од парцелите била наменета за изградба на Шпанските скали. Бидејќи градбата не отпочнала, обвинителството ги гони зошто не ги раскинале договорите, не наплатиле ниту договорна казна и не го вратиле градежното земјиште во државна сопственост. Во 2018- општина Центар го поништи одобрението за градба.

На местото на кое требаше да никнат т.е шпански скали сега има спомен плоча на Мајка Тереза и тревник.

Извор Тв24