Почна јавната расправа по жалбата на осудените за собраниското насилство на 27. април

Скопска Апелација ја почна јавната расправа по жалбите на првостепено осудените од најголемиот предмет за собраниските насилства од 27 април 2017та.

Денешната седница започна со три часа задоцнување бидејќи дел од адвокатите бараа изземање на тројца судии од петчлениот судечки совет бидејќи п

ретходно одлучувале по гаранции за излегување од притвор и по барања за амнестии. Откако барањето беше одбиено, судијата Енвер Беџети ја образложи првостепената пресуда.

Во случајот од над 30 обвинети, амнестија добија 15 лица. Од останатите, најголема затворска казна од 18 години доби поранешниот прв човек на БЈБ Митко Чавков, а помеѓу осудените со казна затвор се и Горан Ангеловски Ќосето, Игор Југ и Александар Василевски Нинџа.

Утре и задутре и обвинетите ќе ги образложат своите жалби.