Премиерот на Босна и Херцеговина нема да оди во притвор

Судот во Босна и Херцеговина го одби предлогот на Обвинителството за одредување едномесечен притвор за премиерот Фадил Новалиќ.

Се уште не е познато што судот одлучи во случајот на Фахрудин Солак и Фикрет Хоџиќ.

Премиерот на Федерацијата БиХ во средата заедно со суспендираниот директор на Федералната управа за цивилна заштита Солак и сопственикот на компанијата „Сребрена малина“, Хоџиќ беа приведени поради истрага за аферата „Респиратори“.