
Откако адвокатите се изјасниле зошто се спротивставуваат на предлогот на Обвинителството на БиХ да им изрече едномесечен притвор за осомничените во аферата „Респиратори“, кратко се обратиле премиерот на Федерацијата БиХ, Фадил Новалиќ и суспендираниот директор на ФУЦЗ, Фахрудин Солак пред Судот на БиХ.
„Изразувам фрустрација за оваа тема. Само уште треба да кажат дека ние ја наредивме пандемија од Кинезите. 2,2 милијарди КМ ми поминаа низ рацете додека работев на извозот од БиХ, зошто сега би добил корист од овие 10 милиони? Немам потреба да се занимавам со оваа глупост, ова што го зборува Обвинителството на БиХ е невозможно, ова беа јавни пари кои беа насочени кон другата страна. Обвинителите покажаа брутално незнаење за работата на Владата на ФБиХ, тоа не е точно. Како што рекол Њутн, „настан што не се случил не може да се докаже“. Тука нема ништо со дефиницијата за перење пари, ако некој може да докаже дека се случило, не ми треба суд, сам ќе си пресудам. Апсењето на премиерот е државен удар за мене, јас сум длабоко против овој настан. Не јадев ниту пиев, ќе излезам од ова како чист човек“, изјавил Новалиќ, пренесува „Кликс“.
Неговите адвокати посочиле дека оваа постапка би била фер и само доколку се испитаат сите јавни набавки за време на пандемијата, а не само оваа.
Адвокатите на Солак предложиле да се изречат мерки за забрана наместо притвор, а тој изјавил дека ќе се придржува до сите одлуки на Судот.
„Целиот работен век работев во согласност со законот. Кога дојдов во ФУЦЗ пред шест години, имавме многу лоша ситуација, имавме само една лопата, а денес сме многу успешни во нашиот бизнис“, рекол Солак.