Принцот Хари не крие дека е несреќен: Му недостига семејството, титулата и кралските обврски

0
322

Иако Меган Маркл сега е среќна и го живее животот што го посакуваше, извори блиски на принцот Хари откриле за „Vanity Fair“ дека наводно тој е многу несреќен во новата средина и дека многу му недостасуваат пријателите и семејството.

– Мислам дека на Хари многу му недостасуваат пријателите, неговите војни обврски, титулата и сè што доби со неа. Некаков ред и план во животот. Во моментот нема работа, пријателите и семејството му се далеку. Целата оваа ситуација со вирусот и болеста на неговиот татко, само го натераа повторно да се зближи со неговиот брат Вилијам- рече Кејти Никол, експерт кој со години ги следи односите во кралското семејство.

– Исто така, мислам дека Кејт и Вилијам го чувствуваат силно отсуството на Хари и Меган, но и жалат што Хари не е тука, бидејќи се многу поврзани- додава таа.

Неодамна е откриено дека самиот Хари им кажал на пријателите преку видео повик дека сè уште не може да верува колку неговиот живот се променил.

Во исто време, неговата сопруга Меган чувствува олеснување на „нејзината територија“ со оддалечување од Велика Британија, на која не можеше да се прилагоди.