Пронејдено лицето кое исчезна пред два дена во Битола

Лицето кое се водеше како исчезнато од 13 мај е пронајдено во провалија на местото Тумбе кафе во Битола. Од ДЗС информираат дека Тимот за спасување од планина на Дирекцијата за заштита и спасување во соработка со припадниците на МВР-СВР Битола го пронашле лицето со видни повреди по целото тело.

Повредениот покажувал знаци на живот и со возило на Итната медицинска помош е пренесен во битолската болница