Работник настрада на Денот на трудот, друг истепан на работното место

0
32

Еен работник е донесен со повреди, откако паднал, додека друг бил физички нападнат на работното место. Ова е билансот од вчерашниот Ден на трудот.

кавадаречката полиција информира дека вчера (01.05.2020) во 08.20 часот во Полициската станица од ЈЗУ Општа болница Кавадарци било пријавено дека кај нив бил донесен Р.О.(49) од Кавадарци, кој додека вршел работни задачи во фабрика, паднал и се здобил со тешка телесна повреда. Извршен бил увид на местото на настанот од увидна екипа од Полициската станица Кавадарци.

На 01.05.2020 во 16.30 часот во Полициското одделение Велешта С.Д.(36) од с.Лабуништа, струшко, пријавил дека додека бил на работно место во кругот на здравствена установа во с.Лабуништа, по претходна расправија, бил физички нападнат од С.Б.(37) и Е.Б. од с.Лабуништа. Се работи на целосно расчистување на случајот, соопшто МВР.