Радмила Шекеринска: Секое одлагање на изборите по 5 јули е неодговорно

Претставувајќи ги кандидати за пратеници во петтата изборна единица, денеска во Битола, носителката на листата, Радмила Шекеринска изјави дека 5 јули е најдобриот датум за одржување на превдремените парламентарни избори.

-Потребни ни се избори час поскоро , во првиот можен рок. Согласно новопрогласената вонредна состојба од две недели и согласно законските рокови, ова значи дека 5 јули е точниот датум кога ќе се одржат изборите. Секое друго одлагање, без разлика дали се работи за крајот на јули, септември или октомри е неодговорно, опасно и штетно и за граѓаните и за државата, изјави вицепремиерката и министерка за одбрана Радмила Шеќеринска во Битола.

-Не смееме да ги ставиме граѓаните да мораат да бираат дали ќе заминат неколку дена на одмор или ќе учествуваат во најважниот демократски процес. Ниту една сериозна партија која сака зголемен и силен одзив на денот на изборите, нема да посака нити ќе предложи избори на крајот на јули. Тоа е штетно и влијае на намалување на одзивот на граѓаните. Тоа не им дава шанса на најголемиот можен број на граѓаните да учествуваат на изборите. Штетно, неодговорно и опасно е исто така, да се зборува за избори во септември зашто како општество и одговорни поединци не смееме да дозволиме државата да продолжи да функционира со техничка влада, со бројни шанси за вето и за блокирање и без Парламент. Собранието и Владата мора да се во полн технички и политички капацитет заради успешно спроведување на мерките поради пандемијата со ковид 19 и сите последици посебно оние економнските и социјалните од него нагласи Шекеринска.

Таа одговарајки на новинарско прашање како ги коментира ставовите на опозицијата во врска со изборите додаде дека добро ќе беше датумот да се поддржеше и со консензус на политичките партии, но дека не смее да се втурнат во бескрајни преговори кои ќе ги држат граѓаните и државата во заложништво само затоа што Мицкоски се плаши од избори и преку своите министри и дополнителни министри прави саботажи на штета на граѓаните.

-Ги повикувам сите политички партии, а особено ВМРО-ДПМНЕ и нивниот исплашен претседател Мицкоски да преземат одговорно чекори и да бидат дел од решението, а не како многупати досега да бидат извор на проблеми и предизвикувачи на кризи. Секој оној кој сака да ги одложи изборите сака да продолжи агонијата во која половично функционираат институциите, сака да ја продолжи кризата и со тоа не им посакаува добро ни на граѓаните, нити на државата. Во период кога ги олабавуваме мерките, кога можеме по посебни специјални, медицински протоколи да посетуваме меркети и трговски центри, угостителски објекти, по слични такви протоколи ќе можеме да го оставриме и нашето изборачко право , без закани по нашето здравје“, рече Радмила Шекеринска денеска во Битола на промоцијата на кандидатите з аоратеници во Петтата изборна единица.