Разрешен Реисот на ИВЗ

Со мнозинство гласови , Ријасетот на ИВЗ денеска го разреши Реисот Сулејман Реџепи.

„Едногласно донесовме одлука за разрешување на господин Сулејман Ефенди Реџепи од позицијата Рејс Ул Улема претседател на Исламска верска заедница“, изјави Ефенди Шаќир Фетаху.

До подготвување на нови избори, вршител на должноста ќе биде гостиварскиот муфтија.