Рестораните и кафулињата се подготвуваат – граѓаните среќни, но бараат да се намали полицискиот час

Рестораните ги отворија вратите, но не за муштериите, туку за довршување на последните подготовки. Ги фарбаат столови, ги чистат масите. Денеска се ангажираа и околу цвеќето. Некои од нив поставија летоци преку кои ги известуваат граѓаните дека мора задолжително да носат маски. Средства за дезинфекција има и на каса. Сите водат сметка да држат физичка дистанца. Исто е и со кафулињата кои работат на принципот „за носење“.

„Освен големите ресторани, во центарот на Скопје и малите кафулиња кои работат на принципот „за носење“ го прилагодуваат просторот. Како што може да се види, и во ова кафуле се поставени ознаки кои покажуваат каде треба да стојат клиентите со цел да држат физичко растојание од 1.5 метри“, вели репортерката на ТВ21.

Не недостасуваат ниту клиенти. Велат дека е добро што се отвораат рестораните и кафулињата, но бараат полицискиот час да се скрати.

Други пак, велат дека ограничувањето им оди на нерви и дека се чувствуваат дискриминирани.

Полицискиот час останува ист, а во пакетот на олеснителни мерки, покрај рестораните и кафулињата, е предвидено отворање и на објектите за игри на среќа. Сите ќе мора да спроведуваат посебни протоколи.

Извор Тв21