Русија втора по бројот на заболени, меѓу нив и портпаролот на Путин, Дмитриј Песков

Со регистрирање на над 10.000 заболени секој ден во изминативе 10 денови, Русија се искачи на второто место по бројот на заболени од Ковид-19. Руските медиуми денеска соопштија дека меѓу заболените е и портпаролот на претседателот Владимир Путин. Информацијата ја потврди и самиот Дмитриј Песков, додавајќи дека веќе е хоспитализиран. Песков е вториот истакнат функционер, по премиерот Михаил Мишутин кој е заразен од новиот коронавирус.

Според кабинетот на претседателот, Путин не се сретнал со Песков повеќе од еден месец и продолжува да работи од претседателската резиденција која се наоѓа во близина на Москва. Вчера по шест недели Путин релаксираше дел од рестриктивните мерки и покрај постојаното зголемување на бројот на нови пациенти, но им даде овластување на локалните власти повторно да ги воведат доколку оценат дека има потреба.

Со денешниот декрет се потврдуваат овластувањата, што значи регионалите лидери врз основа на анализа на ситуацијата и мислењето на главните лекари да одлучат за карактерот на рестриктивните и преветнивни мерки, за тоа како и по кој редослед да бидат постепено олабавени, порача вчера Путин.

Фабриките и гладилиштата се отвараат но најголемито дел од секторот за услуги останува затворен најмалку до крајот на месецот. Од денеска станува задолжително носењето на заштитни маски и ракавици на јавен простор во главниот град а градоначалникот Сергеј Собјанин рече дека ќе следуваат казни за тие кои нема да ги почитуваат мерките.

Мораме сериозно да ја сфатиме ситуацијата затоа што нашата состојба е сериозна затоа што многумина не ги почитуваат мерките и заразуваат други, изјави жителка на Москва.

Во земјата има над 232.000 заболени но бројот на смртни случаи е релативно низок за разлика од другите најпогодени земји во светот. Официјалните податоци на руските власти велат дека од коронавирусот до сега починале 2.116 а нискиот број на смртни случаи е резултат на масовното тестирање и рано откривање на заболените. Сепак како и во случајот со Кина, постојат сомнежи дека тој број е значително повисок.

Извор Канал5