Русија до септември ќе регистрира вакцина против ковид-19!?

Генералниот директор на руско научно-истражувачкиот центар „Виктор“, Ринат Максјутов, на денешниот состанок со претседателот на Русија Владимир Путин, соопштил дека испитувањето на вакцината против коронавирусот на 300 доброволци ќе биде завршено во месец јуни, а поради скратените рокови за воведување на вакцината против новиот коронавирусот истата би можела да биде регистрирана во септемвир оваа година.

Во меѓувреме, Европската здравствена агенција објави дека вакцината против коронавирус може да биде подготвена за една година и тоа е оптимистичко сценарио.

Инаку, во светот досега има над 4.46 милиони заразени од коронавирусот и над 299 илјади починати.