Седум од новите 33 автобуси за ЈСП тргнаа од Загреб за Скопје

Првите седум од вкупно 33 нови црвени автобуси денеска тргнаа од Загреб за ЈСП Скопје. Автобусите се набавени по пат на проектот на ЕБОР, а тендерот го доби Ауто Хрватска ПСЦ.

19 мај 2020, 19:12
Сподели
Сподели

Ова го сподели градоначалникот на Град Скопје Петре Шилегов на својот Фејсбук профил.

-Некогаш треба да си упорен. Секогаш треба да веруваш. Моето, твоето, нашето Скопје … Скопје, една поинаква приказна …, наведува Шилегов во својата објава на Фејсбук. /МИА