Се вљубила за една секунда, а се развела за 58 секунди: Бившата жена на Берни Еклстон по разводот стана една од најбогатите Србинки

0
292

Формула 1 трката во далечната 1981 година во Монца била пресудна за идниот живот на Славица која тогаш имала 23 години. Ќерката на Јово Радиќ и Љубица Малиќ денес е една од најбогатите жени во светот чиј имот се проценува на околу 1,2 милијарди долари. Славица Радиќ, уште додека била во среќен брак со Берни Еклстон, рекла дека не се грижела премногу за училиштето, но била одлична одбојкарка и ракометарка.

Во детството немала животен стандард како своите врснички зашто во многубројното семејство секогаш недостигале пари, особено по разводот на мајката и таткото. Славица еднаш дури била осомничена за исчезнување на некој паричник. Во такви околности, морала брзо да се осамостали. Првите пари почнала да ги заработува како модел. А потоа стигнала на насловната страница на тогашното популарно списание „Старт“. Патот ја одвел во Милано, а првите пари ги заработувала како манекенка.

Трката Формула 1 во Монца била пресудна за животот на Славица, организаторите ја ангажирале да рекламира спортска облека од марката „фила“. Додека во себе се жалела на топлината не ни насетувала дека постојано потајно ја гледа еден од главните луѓе на целиот спектакл, Берни Еклстон. Во тоа време тој бил сопственик на тимот Брабхам, а за него возеле некои од најславните возачи на Формула 1.

– Штом ме виде ме повика во својот мото-хотел. Тоа беше негова втора канцеларија во луксузно опремен автобус. Ме повика на пијалак, ама не можевме многу да разговараме зашто јас не знаев англиски, а тој не знаеше италијански. Му оствавив телефонски број, ама погрешен. Мораше да заврти половина свет за да го најде мојот број и за неколку дена успеа да ме најде – раскажала на новинарите Славица.

Во тоа време веќе живеела во Лондон и била омажена за еден од најбогатите луѓе во светот, живееле во близина на Хајд Парк во зграда со 9 ката.

-Целата во стакло, а првите 4 ката Берни ги претвори во канцеларии, додека горните 5 спрата беа наш стан со поглед на Лондон. На најгорниот спрат имавме базен – се фалела тогаш Славица, наоѓајќи мана дека постојано ги сретнува деловните партнери на сопругот поради кои не можела да носи тренерка дури и кога оди со децата во паркот.

А тогаш во 2008 година се дозна дека бракот на Славица и Берни е пред распаѓање. Тоа први го открија британските весници, кои објавија дека Славица на 50-годишна возраст се отселила во новиот стан вреден 10 милиони фунти и зела адвокати. Берни ги демантираше приказните по медиумите, тврдејќи дека се преселила привремено бидејќи не ја поднесува буката која доаѓала од градилиштето во соседната зграда, но вистината била дека Славица го напуштила Берни.

Како причина ја наведе неговата посветеност на работата што ѝ здодеала. Еднаш дури и изјави:

– Што имам од него? Доаѓа од работа после осум, вечера и оди да спие. И кога е на одмор, не може две минути да седи на мир. Освен работата, ништо не го интересира. Нема хоби, а другите луѓе ги смета за здодевни – рече Славица, која чекала ќерките да се осамостојат за и таа да почне самостоен живот.

Разводот на 10 март 2009 година траел точно 58 секунди, колку што било потребно судијата да го прочита решението. Брзо и лесно се договориле околу поделба на имотот. На Славица ѝ припаднале милиони долари во недвижнини и проценти од акциите.