Се заканувал со шипка на вработени во Македонска пошта

0
29

На 06.05.2019 во 13.49 часот во СВР Скопје било пријавено дека во простории на АД „Македонски пошти“ под Железничката станица Скопје, на ул.„Никола Карев“, по претходно недоразбирање, непознато лице со метална шипка им се заканувало на вработените. Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од СВР Скопје. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.