Се размислува за поширока вакцинација против сезонски грип заради вкрстен имунитет, нема консензус за имунолошки пасош

0
52

Прашањето за имунолошки пасоши е многу актуелно овие недели затоа што секоја земја сака да се заштити, но засега нема конзензус на пошироко ниво, изјави министерот за здравство Венко Филипче, на денешната прес-конференција, одговарајќина новинарско прашање дали кога ќе се отворат границите за патување, секој ќе треба да поседува имунолошки пасош во врска со неговиот статус за коронавирус.

Тој рече дека за ова делумно се дискутирало пред два дена на состанокот на СЗО, но дека оваа идеја е се’ уште на ниво на размисување на поединечни земји, порди неколку дилеми:

„Првата дилема е кој е протоколот што ќе биде валиден за тоа колку дена ќе се смета тестот за валиден, колку ќе се комплицира тестирањето ако се работи за краткотрајни патувања од ден-два и каква е гаранцијата дека лицето од земањето на брисот, до влегувањето во некоја земја нема да се зарази“,

објасни Филипче.

Освен овие отворени прашања, Филипче рече дека ставот на лекарите е дека ваквиот имунолошки пасош нема да има некаква голема вредност во оснос на сигурноста, но постои подготвеност да се прифати нешто што ќе биде регионален пристап или пошироко во ЕУ кога станува збор за патувањето на наштите граѓани надвор или за доаѓање на странци кај нас.

Во контекст на најавите за вакцина против ковид-19 во 2021 година во некои земји, Филипче рече дека таа вакцина истовремено ќе биде достапна за сите веднаш кога ќе биде создадена и клинички потврдена како ефикасна и безбедна. Во меѓувреме се планира проширување на опфатот на вакцинирање против сезонски грип во сите земји, па и кај нас, со цел стекнување на вкрстен имунитет кој евентуално би го покрил и коронавирусот.

Улогата на оваа вакцина тој делумно ја спореди со пнеумококната вакцина која веќе се применува во некои земји за зголемување на имунитетот, но за која како што рече Филипче, нема цврсти докази дека конкретно штити од новиот коронавирус.

Иџвор 360