СЗО : За 60 проценти е зголемен бројот на итни повици поради семејно насилство

0
30

Службите за итна помош низ цела Европа регистрираа дури за 60 проценти повеќе повици за жени жртви на семејно насилство за време на ограничувањата, како дел од борбата против новиот коронавирус, предупреди денеска Светската здравствена организациja.

Семејното насилство над партнерот или детето има тенденција на зголемување во периодот на криза, посебно со рестриктивните мерки и изолацијата, воведени поради ширењето на новиот коронавирус.

– Земјите-членки во април утврдија зголемување за 60 отсто на итните повици од жени жртви на насилство од страна на партнерите во однос на минатата година, изјави директорот на европската канцларија на СЗО, Ханс Клуге на прес-конференција во Копенхаген.тој додаде дека такво зголемување е регистрирано речиси во сите земји.