СЗО: Мораме под итно да го исражиме реткиот синдром кај децата кој се поврзува со корона

Под итно и многу внимателно треба да се истражи реткиот синдром со воспаление кој ги погодува децата, изјави директорот на Светската здравствена организација, Тедрос Адхан Гебрехесус.

-Ги повикувам докторите ширум светот да соработуваат со националните власти и СЗО и подобро да се истражи овој синдром кој се појавува кај децата, истакна тој.

Стотина случаи на реткиот синдром се забележани во Соединетите Американски Држави, но и во Европа, со неколку смртни случаи.

Последниот смртен случеј е од денеска. Станува збор за деветгодишно дете од Франција. Досега таму 135 деца го развиле синдромот.