Скопјанец кој работи во Германија испратил текст со говор на омраза до функционер и Владата

Секторот за компјутерски криминал и дигитална форензика поднесе кривична пријава против Б.П.(32) од Скопје, кој работи во Р.Германија, поради постоење на основано сомнение за сторено кривично дело „ширење на расистички и ксенофобичен материјал по пат на компјутерскис истем“.

Пријавениот, по пат на информатички систем, на 06.05.2020 до електронската пошта на функционер од политичка партија и до електронска пошта на Владата на Р.С.Македонија испратил текст со говор на омраза. Потоа, Б.П. на својот профил на социјалната мрежа „Фејсбук“ објавил постови во кои имало говор на омраза, а се однесуваат на претседател на политичка партија. Исто така, истиот ден Б.П. на објавен пост на „Фејсбук“ профил на една ТВ куќа имал објава во која се ширел говор на омраза.