Скратен празничен карантин

0

Наместо во сабота, како што предложи Комисијата за заразни болести, полицискиот час за празниците Рамазан Бајрам и Денот на сесловенските просветители ќе почне во недела во 19 а ќе трае до вторник во 5 часот.

Владата во Скопје одлучи полицискиот час време на претстојниот продолжен викенд да започне во недела во 11 часот и да трае до вторник во 5 часот. Како што се наведува во соопштението од седницата на владата, во сабота движењето за граѓаните ќе биде ограничено исто како и во работните денови – од 19 до 5 часот наредниот ден.

Комисијата за заразни болести пред два дена предложи полицискиот час за викендот, за време на кој претстојат два празника – Рамазан Бајрам и Денот на словенските просветители Кирил и Методиј, да започне во сабота во 19 и да трае до вторник во 5 часот.