Советник на Трамп: Кина испраќала туристи да го шират Ковид-19 по светот

Советникот за економија на американскиот претседател Доналд Трамп, Питер Наваро ја обвини Кина дека два месеца го криела новиот коронавирус од светот, како и дека испраќала туристи од Вухан ширум светот за ширење на вирусот. – Вирусот се појави во провинцијата Вухан, нултиот пациент е откриен во ноември. Кинезите го криеја вирусот од светот зад штитот на СЗО цели два месеца, а потоа испратија стотици илјади граѓани во Милано, Њујорк и низ целиот свет за ширење на вирусот, рече Наваро за Еј-би-си.