Со метална шипка нападнат маж во Бунарџик

Маж нападнал со метална шипка соселанец, информира МВР.

-Вчера во 15:30 часот во село Бунарџик,скопско полициски службеници од СВР Скопје го лишиле од слобода С.Ф.(75) од село Бунарџик бидејќи на 23.05.2020 14:20 часот во СВР Скопје, И.Џ.(37) пријавил дека на ул.„2“ во село Бунарџик поради нерасчистени имотни односи и претходна расправија С.Ф.(75) од село Бунарџик го нападнал со метална шипка. Се преземаат мерки за расчистување на случајот – велат од полицијата.