Спасовски бара оставка од министерот за внатрешни работи Наќе Чулев

Од понеделник, Министерството за внатрешни работи во Охрид ќе започне со информативни разговори во врска со манифестацијата на Свети Ѓорѓи во Струга. На синоќешната средба, Владата побара од МВР да ги пронајде организаторите и да ги гони кривично. Техничкиот премиер Оливер Спасовски побара од МЦ да се однесува одговорно, и ја повика ИВЗ да ја разгледа одлуката за отворање на џамиите на 12 мај.

Вицепремиерот за европски прашања Бујар Османи има спротивен став. Според него, одлуката на ИВЗ е праведна и треба да се почитува, а верските обреди да се практикуваат според препорачаните мерки.

Заедно со претседателот на ИВЗ, констатиравме дека ако во иднина ситуацијата и бројките бидат различни, ќе седнеме и ќе ја преиспитаме нивната одлука. Во овие околности тие донесоа одлука и ние го поддржуваме тоа, бидејќи е нивно право, но бараме да се почитуваат сите мерки за време на изведбата на верските обреди – изјави Бујар Османи, вицепремиер за европски прашања.

На денешната средба на Комисијата за заразни болести не се дискутираше за состојбата во Струга и одлуката на ИВЗ. Властите вербално го осудија марширањето и манифестацијата на православните верници во Струга, и побараа одговорност од министерот за внатрешни работи Наќе Чулев, а одлуката на Ријасетот за отворање на џамиите ја оценија како избрзана одлука, потсетувајќи на мерките и забраните за собири на јавни места.

Извор Алсат