Спасов: Договорот со Бугарија е одлична работа, македонскиот јазик ќе постои се додека има Македонци во светот

0
32

Проф. д-р Људмил Спасов во отвореното студио за Телевизија 24, изјави дека се меша лоша политика во ситуацијата со македонскиот јазик.

„Не смее македонскиот јазик да се користи како монета за поткусурување за политички натпревари. За жал, бугарската наука се ослободува на моменти, на моменти и не и сега кај нив се повторуваат истите работи како и во минатото“, смета професорот за актуелната ситуација.

Тој вели дека Договорот со Бугарија е одлична работа и дека ние сме блиски народи кои имаат заедничко споделување на историјата, кои треба да се почитуваат и соработуваат.

„Ние треба да ја запознаеме бугарската култура и мора да гледаме позитивно“, вели Спасов.

Според него, ние нема од што да го браниме нашиот јазик, тој си постои додека постојат Македонци во овој свет.

„Македонскиот јазик е запишан во личната карта на ООН и апелирам да не се користи во домашни и странски средини за политички пресметки“, изјави п рофесорот.