СРБИЈА: Студентите што ќе патуваат во странство бесплатно ќе се тестираат

Српската влада денеска донесе одлука бесплатно да бидат тестирани за корона вирусот сите студенти што планираат да патуваат во странство. Истовремено, бесплатни ќе бидат и тестовите за малолетниците. PCR тестовите за сите останати граѓани ќе чинат 18 евра, односно за оние кои ќе сакаат да направат тест.

-Сите студенти и помладите од 18 години на кои ќе им биде потребен PCR тест ќе може бесплатно да се тестираат ако сакаат да патуваат надвор од земјата или пак доколку сакаат да ја прекинат самоизолација. Останатите граѓани кои ќе сакаат да се тестиртаат за Ковид-19 ќе мора да платат 6.000 динари или околу 18 евра, се наведува во соопштението на Владата на Србија.