Стигнаа 7 од 33-те нови автобуси на ЈСП

Градоначалникот на Скопје, Петре Шилегов, на социјалните мрежи објави дека предмалку стигнаа 7 од 33-те нови автобуси кои ќе ги употребува Јавното сообраќајно претпријатие (ЈСП) – Скопје за јавниот транспорт во главниот град.

Станува збор за автобуси на гас, за кои тендерот го доби „Ауто Хрватска ПСЦ“.