Тетовец ноќеска двапати бил приведен во полиција

0
32

Tриесетгодишен тетовец ноќеска двапати бил приведуван во полиција.

Откако еднаш бил приведен поради прекршување на полицискиот час, подоцна, по ослободувањето, после полноќ на излегување од полициската станица почнал да навредува и агресивно да се однесува кон други полицајци на улицата „Цветан Димов“.

„Десетина минути по полноќ, на ул. ‘Цветан Димов’ во Тетово, полициски службеници на СВР Тетово го лишиле од слобода Љ.А.(30) од Тетово, кој претходно бил лишен за непостапување според здравствени прописи за време на епидемија, поради тоа што ги навредувал и агресивно се однесувал кон полициските службеници кои вршеле службени дејства. По целосното расчистување и документирање на случајот, против него ќе бидат изготвени соодветни поднесоци“,

информираше Марјан Јосифоски, портпарол на СВР Тетово.