Трамп нема да ги затвори САД во случај на втор бран од пандемијата

0

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави во четвртокот дека доколку се случи нов бран од пандемијата на коронавирусот нема да се обиде да воведе карантин и да ја затвори земјата.

„Имаме намера да го изгаснеме огнот, нема да ја затвориме земјата“, изјави претседателот Трамп, алудирајќи на можниот нов бран на пандемијата во текот на посетата на фабриката на „Ford“ во сојузната држава Мичиген.

Неговата дојде истовремено со ублажувањето на рестриктивните мерки кои ги преземаат 50-те американски сојузни држави, меѓу кои и они на кои се водени од републиканци кои водат притисок за што поскоро отворање на земјата и заживување на економијата, додека оние водени од републиканците се за поголема претпазливост при намалување на рестриктивните мерки.

Здравствените функционери предупредуваат на пребрзото ублажување на мерките, истакнувајќи дека тоа може да води до појава на втор бран на појава на вирусот наесен и зимава. Меѓу нив расте стравувањето дека нема да зависи од политичката или од јавната волја дали мерките за карантин повторно ќе бидат потребни.

И покрај дилемите кај Трамп од потребата од затворањето во текот на избувнувањето на епидемијата во САД, властите на сојузните држави и локалните власти прибегнаа кон затворањето и воспоставувањето на карантинот. Но потоа почнаа да се отвораат под притисок на економските загуби и огромниот раст на невработеноста, па дури и откако претседателот кој таквата одлука им ја препушти на гувернерите на сојузните држави рече дека тоа можеби се случува и пребрзо.

Во текот на посетата на фабриката, американскиот претседател одби да носи заштитна маса и очила пред медиумите. „Не сакав да им го дадам на медиумите тоа задоволство да ме видат со нив“, рече Трамп на прашање зошто одлучил да не носи маска, и покрај одредбата за престој во затворен простор и потетувањето од државниот обвинител на Мичиген

Трамп е познат по тоа што никогаш не се појавил во јавноста со маска, велејќи дека не му се допаѓа како изгледа со неа, особено на прес-конференции. Истовремено тој додава дека е подготвен да стави маска, доколку е потребно.

„Ја носев (маската) во задните простории. Но не сакав да им дадам задоволство на медиумите да ме видат во неа“, изјави Трамп за новинарите кои го чекаа во фабриката, опкружен со претставниците на фабриката кои носеа маски. Потоа ја извади маската од својот џеб и им ја покажа на новианрите.

Американскиот претседател најави дека сите национални институции следните три дена ќе ги симнат знамињата на „половина копје“ во почест на сите Американци кои починаат во епидемијата на коронавирусот. САД во понеделникот го одбележуваат Денот на споменот, кој традиционално е посветен на воените ветерани и загинатите војници.

Извор Нетпрес