Укинувањето на државната матура не важи за генерацијата 2018/2019

Укинувањето на државната матура поради корона вирусот нема да важи и за матурантите од генерацијата 2018-2019 или претходните години, или поточно од годината кога на сила стапи државната матура. Министерот за образование, Арбер Адеми рече дека учениците од овие генерации, кои до крајот на декември ја пријавиле државната матура, школската матура или завршниот испит, ќе ги полагаат вообичаените испити, како услов за упис во институциите на високото образование.

„Отприлика, бројот на пријавени од претходните школски години кои го пријавиле испитот за државна матура е околу 1300-1400. Додека Државниот испитен центар ги знае своите обврски, се работи за орган кој има за задача и право да организира испит на државна матура. Ќе се посетат општините каде има ученици кои го пријавиле испитот и ќе го организираме исписот, почитувајќи ги сите препораки на здравствените органи, рече министерот Адеми.

И покрај напорите, од дирекцијата на Државниот испитен центар одбија да ги објаснат за Алсат деталите за организирање на државната матура за оваа категорија. Извори во рамките на оваа институција потврдија дека државната матура од претходните генерации ја пријавиле 1.400 ученици. Исто така, според истите извори, датумот на испитите сè уште не е утврден. Првично, се предвидува крајот на јуни или месец јули.

Истите извори објаснуваат дека судбината на овие испити ќе зависи од вонредната состојба со вирусот корона. Државната матура е посветена на средношколци и четиригодишно средно стручно образование. Покрај тоа што е последен дел од средното образование, таа има за цел да послужи и како избор на кандидати за запишување во високо образование. Државната матура се одржува според посебните програми за испитување кои се засноваат на едукативни програми за соодветните предмети што се вклучени во списокот за државна матура.

Извор АлсатМ