Уставниот суд дециден: Нема повторно свикување на Собранието!

0
39

Уставниот суд оцени дека нема услови за враќање на Собранието. Мнозинството уставни судии на брифинг за иницијативата на нивниот колега Осман Кадриу, оценија дека одлуката од 15 април да не се разгледува уставноста на одлуката за распуштање на Собранието е исправна и оти нема основа за понатамошно разгледување. Нивна заедничка констатација е дека Собранието може да се врати само со нов пратенички состав, односно после избори.

Сега по изјаснувањето на Уставниот суд, опозицијата треба да каже дали е за избори на 21 ден по завршувањето на вонредната состојба или не. СДСМ која бара избори веднаш после здравствената криза, практично иницираше враќање на Собранието со цел да се потврдат двете одлуки на претседателот Стево Пендаровски за прогласување вонредна состојба.

Според нив, седницата би била свикана само за овие две одлуки и оти нема задсркиена цел за враќање на политичката Влада. Но, претседателот на Собранието, иницијативата на СДСМ и на коалициските партнери и албанската опозиција веќе ја оцени како обид за пуч.

Иницијативата на уставниот судија Осман Кадриу се темелеше на фактот дека целта за распуштање на Собранието не е остварена бидејќи изборите закажани за 12 април не се одржаа, па затоа Собранието треба да се врати во функција.

За можниот датум за избори и за координација на институциите за пандемијата се очекува да се зборува на лидерска средба која е закажана за 12 мај во кабинетот на Пендаровски.

Извор Алсат