Утре ќе се знае за полицискиот час за викенд – в сабота за мерките од следната недела

0
31

На утрешниот состанок на штабот во Владата на кој ќе се вклучи и Комисијата за заразни болести ќе се дискутира за тоа како ќе се регулира забраната за движење за време на викендот, а на состанокот в сабота ќе се знае дали ќе има олабавување на мерките од следната недела, изјави министерот за здравство Венко Филипче на денешната прес-конференција.

На прашањето дали може да се очекува целосно укинување на полицискиот час, Филипче рече дека за ваква одлука ќе се имаат предвид сознанијата за движење на новодијагностицирани пациенти, врз основа на анализата на податоците и од утре, имајќи предвид дека денеска има зголемување на бројката на новозаразени во споредба со изминатите денови.

„Искрено, се надеваме дека ова денеска е поединечна варијација и дека од утре ќе продолжи трендот од изминатите 14 дена, за што заклучивме дека е сериозно мал број дијагностицирани случаи и оди во корист за олабавување на мерките“,

рече Филипче додавајќи дека сѐ ќе зависи од ставот на епидемиолозите во Комисијата за кои рече дека се врвни професионалци на кои ова не им е прва епидемија и прв приоритет им е јавното здравје.

Тој рече дека доколку има олабавување на мерките во однос на движењето, тогаш тоа ќе важи за сите категории граѓани.

Извор 360