Филипче: Категорично ги отфрлам шпекулациите дека постои политички интерес и заради тоа се намалуваат тестовите

0
35

Во болниците во Битола и Штип има по 4 хоспитализирани пациенти и во двата града на домашно лекување се следат пациенти.

Во Прилеп, Куманово и Гостивар вкупно се хоспитализирани 46 вкупно пациенти.

Над 50 здравствени работници од 70 во кумановската болница се веќе вратени на работа, сите имаат 2 негативни тестови, сите одделенија функционираат нормално.

Од 235 здравствени работници заболени, 184 се оздравени и голем дел од нив веќе се вратени на своите работни места.

Одделенијата на детската клиника и Институтот за рехабилитација се целосно во функција.

Утре ќе имаме состанок со директорите на клиниките за постепено враќање на клиниките во нормала. Ќе се функционира со закажување на Мој термин и здолжително воведување на е-амбуланта таму кадешто може и соодветно закажувања на снимања за да се избегнат гужвите. Ова се поклопува со целосното завршување на реконструкцијата на улиците на Клиничкиот центар.

Се асфалтираат сите улици, се отвора нова улица меѓу хируршката клиника и клиниката за стоматологија.

Се отвораат два нови влеза, директно ќе води во Ургентниот центар на хирургија и уште еден влез и излез кај инфективната клиника, кадешто е поставена и мобилната болница.

Категорично ги отфрлам шпекулациите дека постои политички интерес и заради тоа се намалуваат тестовите. Центарот за јавно здравје заедно со Институтот за јавно здравје пристапува кон план за скрининг на лица коишто се смета дека се во некои критични категории. Како одминува оваа фаза на епидемијата се очекува надградување на стратегијата, бидејќи оваа стратегија даде резултати. Направивме една успешна стратегија, а сега градиме план за истата се надгради за да влеземе во новата фаза на епидемијата.

Извор 24